Информации за Корона вирусот во Туринген

andere Sprachen | other languages

На овој веб-сајт можете да најдете информации за Ковид-19 (Корона вирус) на повеќе јазици и моменталната ситуација во Туринген, односно во околината на Илм. Даваме се’ од себе редовно да ги актуализираме информациите.

генерални информации (кликнете овде)

Најпрво, ова е листа на неколку основни правила за хигиена и однесување, кои важат од овој момент:

  • Останете дома, колку што е возможно
  • Одбегнувајте допири (на пример: ракувања или прегратки)
  • Мијте ги рацете со вода и сапун редовно и темелно (барем 20 секунди)
  • Одбегнувајте да го допирате лицето
  • Кивајте или кашлајте во лактот или во марамче
  • Редовно проветрувајте го вашето место на живеење
  • Доколку е возможно, не ги користете услугите на јавниот
  • превоз (автобус, трамвај) и претпочитајте користење на велосипеди/лични автомобили или одете пешки
  • Избегнувајте патувања, вклучително и во самата Германија
  • Избегнувајте места каде што има многу луѓе (собири во јавност), на пример: трговски центри
  • Посетувајте ја јавната администрација само кога е неопходно
  • Избегнувајте големи приватни забави

Ве молиме да се грижите за луѓето од ризичните групи и за да ги заштитите, избегнувајте директен контакт со нив. Припадници на ризичните групи се:

  • Луѓе постари од 50-60 години
  • Дијабетичари, луѓе со срцеви болести, луѓе со белодробни заболувања, заболувања на јетрата и слабината, како и луѓе кои боледуваат од рак
  • Луѓе со ослабнат имунитет

Тука може да ги најдете најважните адреси и телефонски броеви во Туринген и во околината на Илм:

  • Хотлајн телефонски број за околината на Илм: 03628 738-888
  • Здравствен центар во Илменау: 03628 738-501
  • Министерство за Здравство: +49 30 346 465 100
  • Докторска служба за итни случаи: 116 117
  • Докторска служба за добивање на анонимен ваучер (Krankenschein) во Туринген: +49 177 398 7724, arzt@aks-thueringen.de

Доколку имате симптоми како што се: кашлање, повишена температура, течење нос или доколку сте биле во контакт со инфицирана личност со Ковид-19, побарајте помош од здравествената служба или вашиот матичен доктор.
Информации за Корона-вирусот на едноставен јазик (со слики): https://www.tmasgff.de/fileadmin/user_upload/Gesundheit/Dateien/Infektionsschutz/Corona_Leichte_Sprache.pdf

Информации за азиланти во азилантски домови (на повеќе јазици):
https://www.berlin.de/laf/leistungen/gesundheit/infektionsschutz/
https://b-umf.de/p/mehrsprachige-informationen-zum-coronavirus/


дополнителни повеќејазични информации (низ целата земја) (кликнете овде)

Ве замолуваме редовно да се информирате во врска со актуелните случувања. Нашите информации ќе бидат испратени на Whatsapp и објавени на Facebook.
Најновите информации (за мерките на администрацијата и новите упатства) може да ги најдете тука:


** Овие локали остануваат отворени (19 март 2020 година, 8:18 часот.) **

  • Продавници за храна
  • Пекари, месари
  • Продацници за пијалоци, супермаркети,  пазари и земјоделски продавници
  • Банки 
  • Аптеки
  • Продавници за хигиена и козметика
  • Продавници за помагала за слушање и оптичари 
  • Пошта и поштенски услуги 
  • Услуги за испорака и достава
  • Перални
  • Бензински пумпи и продавници за резервни делови
  • Продавници за миленичиња, хардвер и цвеќари
  • Продажба на далечина
  • Трговија на големо

Следниве локали се затворени / забранети:

  • Барови, кафулиња, пабови, клубови, дискотеки, театри, кина, концертни сали и музеи
  • итнес центри, базени, сауни и солариуми
  • Услуги од центри за образование на возрасни, музички училишта и библиотеки
  • Собири во клубови, спортски објекти, игралишта, зоолошки градини
  • Забавни аркади и казина
  • Трговски саеми, изложби, специјални пазари, обложувалници
  • Места за проституција
  • Центри за семејства, места за семејни годишни одмори, понуди за семејно образование, организации и групни понуди во центри за раѓање
  • Центри за луѓе од различни генерации 
  • Институции за постари граѓани, на пример: клубови и бироа за постари граѓани
  • Младински центри за образование, вклучително и младински клубови и младински хостели
  • Центри за дневна грижа
  • Центри за советување на граѓани
  • Центри за жени

Внимание: Собири на отворено небо се исто така забранети! 

Извор: https://www.tmasgff.de/fileadmin/user_upload/Gesundheit/Dateien/COVID-19/20200319_Erlass_Massnahmen_Ausbreitung_Virus_SARS-CoV-2.pdf

** Daniel Schultheiss, градоначалник на град Илменау (18.03.2020, 17 часот) ** 

  • Два потврдени случаи на Корона вирус во околината на Илм 
  • Иницијативи за ученици со цел подготовка за тестови и испити: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfsfYoZqRPaZQKH2i8LQ6qUKZ4PZ9R8KVWRGNHBTATKjeaPRw/viewform 
  • Дигитална помош за ученици за извршување на домашни задачи: buddy@hsf.tu-ilmenau.de
  • Дали мерките ќе бидат успешни ќе се покаже за една до две недели 
  • Важно: Бидете емоционално присутни кон другите луѓе, но држете физичка дистанца
  • Физичка дистанца и хигиена е најдобрата заштита
  • Прошетки на чист воздух во природа се во ред, доколку се држи физичка дистанца

** Градската општина е затворена **
Почнувајќи од среда, општината на град Илменау е затворена. 

Kontaktmöglin

  • Oberbürgermeister 03677 600-128 ob@ilmenau.de
  • Bürgermeisterin 03677 600-126 bgm@ilmenau.de
  • Hauptamt 03677 600-111 hauptamt@ilmenau.de
  • Kämmerei 03677 600-145 kaemmerei@ilmenau.de
  • Ordnungsamt 03677 600-238 ordnungsamt@ilmenau.de
  • Kultur- und Sozialamt 03677 600-343 kultur.sozialamt@ilmenau.de
  • Bauamt 03677 600-226 bauamt@ilmenau.de
  • Sport- und Betriebsamt 03677 600-610 sport.betriebsamt@ilmenau.de